Младински Совет - Прилеп е невладина организација која постои во Прилеп од 1999 година и една од најактивните НВОи во Прилеп. ___________________________________________________________
МИСИЈА

Младински Совет - Прилеп е здружение на граѓани, која работи на младинско вклучување во демократските процеси и имплементација на младинската политика преку застапување, лобирање и неформално образование во Република Македонија.

Во склоп на Младински Совет - Прилеп функционира и средношколски сектор во кој членуваат 20тина средношколци од сите средни училишта од Прилеп. Средношколкиот сектор активно опстојува во Младински Совет - Прилеп веќе 5 години, преку организирање на забави, едукации, семинари итн. Секторот редовоно се состанува секоја Сабота, а по потреба и почесто.

Saturday, October 28, 2006

СЕРИОЗНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

После континуираната нередовност на состаноците на некои од членовите, Младинската Заедница при Младинскиот Совет - Прилеп си зеде за право да им го одзеде нивното право на членство.

Ако и понатаму кај таа група има заинтересираност за активно членство во Младинската Заедница при Пладинскиот Совет - Прилеп, состаноците се одржуваат во Просториите на Младински Совет - Прилеп (зад Општината) секоја сабота во 15:00h.

За какви било измени, проверувајте на блогот...


Секретар
Јованоски Томислав