Младински Совет - Прилеп е невладина организација која постои во Прилеп од 1999 година и една од најактивните НВОи во Прилеп. ___________________________________________________________
МИСИЈА

Младински Совет - Прилеп е здружение на граѓани, која работи на младинско вклучување во демократските процеси и имплементација на младинската политика преку застапување, лобирање и неформално образование во Република Македонија.

Во склоп на Младински Совет - Прилеп функционира и средношколски сектор во кој членуваат 20тина средношколци од сите средни училишта од Прилеп. Средношколкиот сектор активно опстојува во Младински Совет - Прилеп веќе 5 години, преку организирање на забави, едукации, семинари итн. Секторот редовоно се состанува секоја Сабота, а по потреба и почесто.

Sunday, October 05, 2008

Младински Совет - Прилеп и ОО на Црвен крст Прилеп, го одбележуваат 16ти Октомври Денот на гладните

Младински Совет - Прилеп во соработка со ОО на Црвен крст Прилеп отпочнаа активности за одбележување на 16ти Октомври Денот на гладните.
На 5ти Октомври во просториите на ОО на Црвен крст Прилеп се одржуа обука за тренери на тема „Сиромаштија„. Четири тимови составени од по двајца членови присуствуваа на еднодневната обука и се стекнаа со основни знаења од темите на техники на презентација, методи на обука, дизајн на програма и сиромаштија.
Учесниците по повод одбележувањето на Денот на гладните ќе треба да одржат едукации преку кои ќе се подигни свеста кај младите за проблемот СИРОМАШТИЈА која станува се поактуелна во нашето општество.
За следните активности редовно ќе информираме на блогот.
Подолу преку видео ќе се обидеме да ви доловиме моменти од едукацијата.

No comments: