Младински Совет - Прилеп е невладина организација која постои во Прилеп од 1999 година и една од најактивните НВОи во Прилеп. ___________________________________________________________
МИСИЈА

Младински Совет - Прилеп е здружение на граѓани, која работи на младинско вклучување во демократските процеси и имплементација на младинската политика преку застапување, лобирање и неформално образование во Република Македонија.

Во склоп на Младински Совет - Прилеп функционира и средношколски сектор во кој членуваат 20тина средношколци од сите средни училишта од Прилеп. Средношколкиот сектор активно опстојува во Младински Совет - Прилеп веќе 5 години, преку организирање на забави, едукации, семинари итн. Секторот редовоно се состанува секоја Сабота, а по потреба и почесто.

Sunday, November 30, 2008

ВЕЧЕРНА ЗАБАВ ВО КАФЕ БАР ЛИДО ПО ПОВОД 1ви ДЕКЕМВРИ





ДЕНСКА ЗАБАВА ПО ПОВОД 1ви ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАта

По повод одбележувањето на светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, Младински Совет - Прилеп во соработка со Општинската Организација на Црвениот Крст од Прилеп организираа две забави. Денската забава беше на 29ти декември 2008 година во кафе бар ЛИДО. На присутните им се делеа бесплатни кондоми.






ЕДУКАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ/СИДА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП

Младински Совет - Прилеп 9 години организира едукации за превземање на превентивни мерки за заштита од ХИВ/СИДА. И оваа година за членовите на Младински Совет - Прилеп беше организирана работилница.



ДОНАЦИЈА НА ИГРАЧКИ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ ВО ПРИЛЕП

Членовите на средношкилскиот сектор при Младински Совет - Прилеп донираа играчки во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Покрај донацијата, членовите им прикажаа и едукативна претстава на децата кои престојуваат во овој дневен центар и се дружеа со нив.