Младински Совет - Прилеп е невладина организација која постои во Прилеп од 1999 година и една од најактивните НВОи во Прилеп. ___________________________________________________________
МИСИЈА

Младински Совет - Прилеп е здружение на граѓани, која работи на младинско вклучување во демократските процеси и имплементација на младинската политика преку застапување, лобирање и неформално образование во Република Македонија.

Во склоп на Младински Совет - Прилеп функционира и средношколски сектор во кој членуваат 20тина средношколци од сите средни училишта од Прилеп. Средношколкиот сектор активно опстојува во Младински Совет - Прилеп веќе 5 години, преку организирање на забави, едукации, семинари итн. Секторот редовоно се состанува секоја Сабота, а по потреба и почесто.

Sunday, November 30, 2008

ДОНАЦИЈА НА ИГРАЧКИ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ ВО ПРИЛЕП

Членовите на средношкилскиот сектор при Младински Совет - Прилеп донираа играчки во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Покрај донацијата, членовите им прикажаа и едукативна претстава на децата кои престојуваат во овој дневен центар и се дружеа со нив.

No comments: