Младински Совет - Прилеп е невладина организација која постои во Прилеп од 1999 година и една од најактивните НВОи во Прилеп. ___________________________________________________________
МИСИЈА

Младински Совет - Прилеп е здружение на граѓани, која работи на младинско вклучување во демократските процеси и имплементација на младинската политика преку застапување, лобирање и неформално образование во Република Македонија.

Во склоп на Младински Совет - Прилеп функционира и средношколски сектор во кој членуваат 20тина средношколци од сите средни училишта од Прилеп. Средношколкиот сектор активно опстојува во Младински Совет - Прилеп веќе 5 години, преку организирање на забави, едукации, семинари итн. Секторот редовоно се состанува секоја Сабота, а по потреба и почесто.

Sunday, November 30, 2008

ВЕЧЕРНА ЗАБАВ ВО КАФЕ БАР ЛИДО ПО ПОВОД 1ви ДЕКЕМВРИ





ДЕНСКА ЗАБАВА ПО ПОВОД 1ви ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАта

По повод одбележувањето на светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, Младински Совет - Прилеп во соработка со Општинската Организација на Црвениот Крст од Прилеп организираа две забави. Денската забава беше на 29ти декември 2008 година во кафе бар ЛИДО. На присутните им се делеа бесплатни кондоми.






ЕДУКАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ/СИДА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП

Младински Совет - Прилеп 9 години организира едукации за превземање на превентивни мерки за заштита од ХИВ/СИДА. И оваа година за членовите на Младински Совет - Прилеп беше организирана работилница.



ДОНАЦИЈА НА ИГРАЧКИ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ ВО ПРИЛЕП

Членовите на средношкилскиот сектор при Младински Совет - Прилеп донираа играчки во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Покрај донацијата, членовите им прикажаа и едукативна претстава на децата кои престојуваат во овој дневен центар и се дружеа со нив.

Wednesday, October 08, 2008

Состанок!!!

Редовен состанок во МСП во 15.00 (сабота) часот присуство ЗАДОЛЖИТЕЛНО!!!

Sunday, October 05, 2008

Младински Совет - Прилеп и ОО на Црвен крст Прилеп, го одбележуваат 16ти Октомври Денот на гладните

Младински Совет - Прилеп во соработка со ОО на Црвен крст Прилеп отпочнаа активности за одбележување на 16ти Октомври Денот на гладните.
На 5ти Октомври во просториите на ОО на Црвен крст Прилеп се одржуа обука за тренери на тема „Сиромаштија„. Четири тимови составени од по двајца членови присуствуваа на еднодневната обука и се стекнаа со основни знаења од темите на техники на презентација, методи на обука, дизајн на програма и сиромаштија.
Учесниците по повод одбележувањето на Денот на гладните ќе треба да одржат едукации преку кои ќе се подигни свеста кај младите за проблемот СИРОМАШТИЈА која станува се поактуелна во нашето општество.
За следните активности редовно ќе информираме на блогот.
Подолу преку видео ќе се обидеме да ви доловиме моменти од едукацијата.

Thursday, October 02, 2008

Како членовите на младински местат реклама :)

Еве еден клип за тоа како младински совет не се ребрендира ама се брендира :))


Wednesday, October 01, 2008

Кампања за имплеметнација на Националната стратегија за млади на РМ

Дел од членовите на Младински Совет - Прилеп учествуваа на снимањето на ТВ спотовите за кампањата за имплементација на Националната стратегија за млади во 2007 година. Истите можете да ги видите со кликање на линковите кои следат подолу:

ТВ спот 1:

ТВ спот 2:

Tuesday, September 30, 2008

Активности !!!

Средношколскиот сектор при Младински Совет Прилеп, по повод Светскиот ден за искоренување на Сиромаштијата, 17 Октомври, ке донира облека на социјално загрозени семејства во Прилеп, со цел да им се најде во пресрет на младите од тие семејства.

Thursday, September 18, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

За сите нови членови на средношколскиот сектор при МСП редовен состанок секоја сабота во 15 00 ч. . Можно е состанокот да се премести во другите канцеларии.Доколку има измени навремено ке бидете известени.